Царовска: Пензииите ќе се усогласуваат со трошоците за живот двапати годишно

Усогласувањето на пензиите со трошоците на живот двапати годишно обезбедува постојан раст. За да не мора да ја поместиме старосната граница за пензионирање на 67 и за да не ги замрзнеме пензиите избравме средна варијанта која значи раст во континуитет, дури и дополнително  зголемување од 4 отсто доколку расте економијата, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Сите мерки што како Министерство и како Влада ги креираме се однесуваат на праведност, никому не му е ускратено ништо. Пензиите во континуитет, стабилно и навреме се исплаќаат, па дури и порано од претходниот период, но сега се усогласуваат во новото законско решение, 100 проценти со трошоците за живот двапати  годишно. Ова што е главно во законското решение кое треба да го имаме  предвид е дека ако БДП биде над четири проценти ќе има дополнително усогласување  во април следната година“, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по обвинувањата од Здружението на пензионери дека со новиот начин на усогласување не овозможува раст на пензиите.

Говорејчи за растот на пензиите, таа се повика на статистичките податоци, според кои во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, а минатата година  14.421 денар.

Како што рече Царовска, Владата го прави тоа што го најавила во Програмата. 

„Оние кои денес критикуваат дозволија усогласувањето да се забрани со закон. Тие секоја година носеа законско решение во коешто велат усогласување не постои, имаме паушално зголемување, годишно или пред избори кога им беше потребно. За да може да биде праведен пензискиот систем затоа што тој е солидарен, треба да се усогласува  согласно со законското решение. Ако порано се усогласуваше со 50 проценти од трошоците на живот сега се усогласува двапати годишно со 10 проценти од трошоците за живот и постојано растат“, рече Царовска.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе