Царинските стапки за производство на технолошки напредните производи се намалија

Прифатена е иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори на Стопанската комора на Северна Македонија за намалување на царинските стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи.

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора ја поздравува вчерашната одлука на Владата за  намалување на царинските стапки на одделни компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи.

По иницијатива на Асоцијацијата, се побара изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската Uнија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, а со времетраење до 30 јуни 2022 година.

„Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската Унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, a се однесува во најголем дел на суровини и репроматеријали кои ги употребуваат првенствено компаниите членки на  Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

Во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обврска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки претставуваат привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи. Тоа, секако ќе придонесе за подобро деловно работење на сите компании од секторот, но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал. 

Позитивниот одговор од страна на Владата се должи на опсежните анализи и  интензивната комуникација со Асоцијацијата во изминатиот период, којашто останува доследен партнер, за изнаоѓање трајно решение за целосно и трајно усогласување на царинските стапки, но и за генерално унапредување на бизнис климата за инвеститорите“, соопшти Стопанската комора.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе