Со мерките заради намалување на загаденоста на воздухот

Царинска управа: За 42 проценти намален увозот на половни автомобили

Согласно последните податоци од Царинската управа, увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 проценти.

„Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот Данок на моторни возила чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2, што веќе се покажува и во пракса. Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот", велат во Царината.

Увозот на нови патнички возила пак, е намален за 18 проценти. Во првите 9 месеци од годинава биле увезени над 6.300 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800 возила.

„И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот Данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на лани истиот период, што претставува пораст од над 50 осто", заклучува Царинската управа.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе