Царините на Македонија и Грција ќе гo олеснуваат транспортот и трговијата

Царините на Македонија и Грција денеска во Солун потпишаа документ за размена на податоци со што ќе се воспостави Зелен коридор на граничниот премин Богородица - Евзони, односно прв таков коридор со членка на ЕУ. Директорката на македонската Царина Славица Кутинов вели дека станува ззбор за олеснување на транспортот и трговијата.

„Со меморандумот воспоставуваме прв Зелен коридор на граничен премин со соседна земја членка на Европска Унија, користејќи ја SEED платформата за размена на податоци на ЦЕФТА, и со визија за проширување на оваа иницијатива во иднина. Воспоставувањето на зелени коридори како регионална активност, за прв пат беше спроведена во април 2020 година на почетокот на пандемијата, во рамки на ЦЕФТА регионот. Денес, ова позитивно искуство го прошируваме и на Богородица - Евзони, како клучен граничен премин меѓу двете земји и дел од Пан - европскиот Коридор 10“, изјави директорката на македонската Царинска управа.

Таа вели дека ќе се разгледаат можностите за проширување на соработката и со Бугарија.

Џорџ Ј. Пицилис, гувернерот на грчката Независна управа за управување со јавни приходи изјави: Царинската служба на Грција преку Меморандумот за разбирање со Република Северна Македонија, за електронска размена на податоци пред пристигнување на стоки на граничниот премин Евзони-Богородица, сакаме да ја продлабочиме царинската соработка со соседната земја, како во олеснување на трговијата, така и во намалување на недозволена трговија“.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе