Царината вработува 78 лица заради зголемен обем на работа, ДИК објави оглас за деветмина

Царинската управа денеска објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места.

Основната нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наплатувач е 16.571 денари.

Државната изборна комисија исто така објави оглас за вработување на 9 лица на определено време до 31 декември 2019 година.

Во огласот се бараат Раководител на сектор за Избирачки список, евиденција на избирачко право, составување и ажурирање на Избирачкиот список и описот на избирачките места, Раководител на одделение за буџетска контрола, Раководител на одделение за системски софтвер и одржување, Раководител на одделение за информирање и меѓународна соработка, Советник за буџетска координација, Виш соработник за седници и евиденција на донесени подзаконски акти и упатства од ДИК, Виш соработник координатор со изборните органи, политички партии, здруженија на граѓани и референдум на државно и локално ниво, Виш соработник за подрачни одделенија, како и Помлад соработник за внатрешна ревизија.

За овие работни места наведено е дека најниската основна нето плата е 20.987 денари, а највисоката е 35.872 денари.  

 

 

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе