Тендер за јавно-проватно партнерство

Бугарската „Соларпро холдинг“ ќе гради фотоволтаична централа во Осломеј

Бугарската компанија за снабдување опрема за соларна енергија Соларпро холдинг објави денеска дека е избрана од македонската Влада за изградба на фотоволтаична централа со инсталиран капацитет од 50MW на местото на стар рудник во Осломеј, кичевско, објави СЕЕ.

Соларпро ќе игради и ќе управува со соларната централа како дел од јавно-приватно партнерство.

Изборот бил направен по наддавањето во живо на аукцијата организирана на 16 април и на која учествувале три меѓународни кандидати. Според извршниот директор на компанијата, Константин Ненов, конечната понуда на Соларпро била пренесување на 18 отсто од идниот приход кај јавниот партнер (ЕСМ), што е за 80 проценти повеќе од почетното ниво од 10 отсто.

Ненов уште додава дека компанијата ќе отвори 50 работни места за поранешни рудари од регионот.

Соларпро во Македонија очекува да достигне над 80MW инсталиран капацитет за две години, а извршниот директор на компанијата за Македонија, Александар Петрески вели дека компанијата ќе снабдува со струја над 450 компании во земјава.

Во 2020 година Соларпро го доби тендерот за изградба на соларна централа од 10MW во селото Манастирец, Македонски Брод.

Инаку, Солапро холдинг е формирана во 2007 година и вработува над 80 луѓе. Компанијата е специјализирана за инженерство, инсталација, управување и одржување на фотоволтаични системи. Во моментов има проекти комбиниран инсталиран капацитет од над 150MW во фаза на изградба и над 500MW проекти во развој.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе