Бучен Козјак во соработка со Мој воздух постави мерни станици на територија на цела Македонија

Компанијата Бучен Козјак инвестираше во 10 мерни станица за апликацијата Мој воздух. Десет од мерните станици се веќе поставени во Скопје, Куманово, Крива Паланка и Охрид, а најaвено е и поставување на уште 11 нови мерни станици во останатите градови низ државата.

Со оваа активност Бучен Козјак сака да придонесе кон подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, преку обезбедување поголема точност на информациите за загаденост на воздухот и подигнување на свеста за потребата сите компании да се вклучат во рамки на своите можности во борбата за почист воздух. 

Кумановската компанија за производство на млечни производи инвестираше во мерните станици со цел да ја зголеми достапноста на информации на полето на загаденоста на воздухот, посебно онаму каде нема доволно прецизни информации за состојбата со загадувањето на воздухот. Со поставувањето на новите мерни станици во повеќето градови, во соработка со апликацијата Мој воздух креирана од страна на активистот Горјан Јовановски оваа инвестиција ќе придонесе кон зголемување на јавната свесност за проблемот со загаденоста на воздухот.

„Со оваа инвестиција сакаме да дадеме поддршка на апликацијата Мој воздух, а со тоа и да придонесеме кон прецизноста во информирањето на граѓаните за загаденоста на воздухот. Грижата за заедницата е една од темелните вредности на нашата компанија, па затоа ова е уште една во низата наши инвестиции во важни општествени аспекти со која враќаме назад на заедницата. Загадениот воздух нè засега сите нас и се надеваме дека ова ќе биде поттик за други претпријатија да се вклучат во борбата за здрава животна средина. За нас е ова само првиот чекор, а во иднина ќе се обидеме да превземеме што е можно повеќе активности во насока на подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја”, изјави Наташа Денковска, управителка на Бучен Козјак.

Aпликацијата Мој воздух веќе 6 години активно работи на подигнување на еколошката свесност и зголемување на достапноста на релевантни податоци за населението. Активистите кои стојат зад апликацијата, секојдневно влијаат на  донесувачите на одлуки кон преземање на проактивни мерки за справување со проблемот на аерозагадувањето, проблем кој го засега секојдневието на граѓаните во изминативе неколку години.

„Колку е поголема компанијата, толку повеќе може да направи за сопствената заедница. Тие треба да се пример за тоа како се враќа кон општеството, да бидат репер за сите останати бидејќи можат да го дозволат тоа. И не само финансиска инвестиција, големите фирми имаат и голем број на вработени кои преку акции може еден ден во месецот/годината да се приклучат кон подобрување на животната средина. Замислете секоја фирма да го правеше тоа, како ќе изгледаа нашите градови?“, изјави Горјан Јовановски, креатор на апликацијата Мој воздух.

Од компанијата велат дека и во иднина ќе продолжат со општествено одговорни практики да инвестираат во решавање на најважните општествени проблеми кои ги засегаат сите. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе