Бруто надворешниот долг надмина 8 милијарди долари

Бруто надоврешниот долг на земјава надмина 8 милијарди долари. Ова е рекордно ниво на бруто надворешна задолженост во историјата на Македонија. Заклучно со третиот квартал од 2016, овој долг достигна ниво од 8,4 милијарди долари односно 7,5 милијарди евра.

Според податоците на НБРМ само за три месеци бруто надворешната задолженост се зголемила за 623,6 милиони евра со што достигна 78,1 % од бруто домашниот производ.

Бруто надворешен долг – држава :

Iквартал 2 124 160 000 евра

IIквартал 2 139 020 000 евра

IIквартал 2 657 090 000 евра

Растот на задолженоста на државата кон странство во овој период е резултат пред се на Еврообврзницата од 450 милиони евра, но од друга страна подтоаците покажуваата дека овој тренд на пораст се одржува подолг период. Така на пример, бруто надоврешната задолженост на државата кон странство во третиот кавартал од 2016 година, во споредба со истиот квартал од 2015 година е зголемена за 676,7 милиони евра, а во однос на истиот еприод од 2014 година има раст од 509,8 милиони евра.

„Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2017 и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство со издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности.“ - стои во буџетот за годинава.

„Темпото на задолжување нема да забави и годинава, идната година треба да позајмат според стратегијата за да го затворат буџетот што го усвоија. 602 милиони евра и од тие пари тие треба да вратат 203 главница и 133 милиони, вкупно 435 милиони кредити, основица и камата. Остатокот ќе биде за овие зголемени потреби со буџетот што го планирале“ изјави Петар Гошев, поранешен гуверенр.

Темпото со кое земјава се здолжува, го нотираа меѓународните финансиски институции, кои адресираа препораки за консолидирање на јавните финансии и намалување на дефицитот. Според критериумите, со надворешната задолженост од 78,1 % од БДП Македонија влегува во групата на високо задолжени економии.

 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе