Бројот на откази во текстилната индустрија расте, се затвораат фабрики

Алармантна е состојбата во текстилниот сектор, се затвораат не само мали, туку и големи фабрики, велат од невладината организација „Гласен текстилец“ од Штип. Тие велат дека кај нив дневно се јавуваат по дваесетина работнички кои се консултираат дали да ги потпишуваат документите за отказ кои им ги даваат работодавците.

Кристина Ампева, претседателката на „Гласен текстилец“ вели дека има работодавци кои незаконски им делат откази на работниците по основ на кршење на ред и дисциплина, по што ништо не им следува на работниците, но има и работодавци, кои ги запазуваат сите закони, па на работниците поради лошата финансика состојба им даваат откази поради деловни причини, а заминуваат со испратнини и добиваат паричен надоместок од Центарот за вработување.

Лани од март до септември без работа останаа 7.000 работници, а и за годинава се претпоставува дека бројката е иста. До септември ќе се знае точната бројка, а и тоа кои од текстилните фабрики ќе опстанат на пазарот.

Работниците кои ќе останат без работа мора да имаат здравствено осигурување, вели Ампева.

Сопствениците на текстилните фабрики во источниот дел од земјата велат дека производството им е намалено, дека веќе немаат нарачки, немаат репро материјали, па времениот прекин на работата на фабриките е неминовен, а некои од нив наскоро најверојатно и ќе пропаднат.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе