Бројот на говеда во Македонија се намали за 20 отсто за една година

Вкупниот број говеда лани е намален за 20.1 отсто во споредба со 2020 година. Намалување е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства и кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги), соопшти Државниот завод за статистика. Според тие податоци, лани во земјава имало 177.622 говеда, додека пак во 2018 година имало 256.181 говеда. Како последица на тоа, минатата година се произведени 326.523 илјади литри кравјо млеко, што е за 19.4 % помалку во однос на 2020 година, 

Зголемување , пак, на производството во 2021 година е забележано кај овчото млеко за 29.3 % и кај козјото млеко за 6.2 %.

Вкупното производство на месо е зголемено за 4.6 %.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2021 година, е зголемен за 12.4 %, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 13.9 %.

Вкупниот број на овците бележи незначително покачување од 0.4 % и изнесува 633 281, но затоа во 2018 година имало за околу 100 илјади овци повеќе .

Во истиот период, бројот на козите е намален за 20.3 %.

Бројот на живината во 2021 година, во споредба со претходната година, е намален за 9.7 %, а со тоа е и намалено производството на јајца.

 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе