Британскиот комесар за трговија за Европа во посета на „Брако“ и „Грин машинс“

Денеска комесарот за трговија на Велика Британија за Европа, Крис Бартон со делегација од британската амбасадa, заменик шеф на мисијата Јулиа Смит и директорот за трговија и инвестиции Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин машинс“ во Велес со цел да се поддржи и поттикне уште повеќе трговската и инвестициска соработка меѓу Македонија и Обединетото кралство кое е еден од најголемите пазари на кои се пласираат еколошките „Грин машинс“ возила.

Крис Бартон се сретна со главниот и извршен директор на „Брако“, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, извршен директор во „Брако“.

Комесарот Бартон се запозна со производствената технологија и погоните каде што се произведуваат овие современи еколошки возила за одржување хигиена во урбани средини чија линија само во последниве две години се збогати со три нови електрични возила и едно со погон на водород кое се уште е единствено во светот.

„Грин машинс“ од Велес има развиено организациска структура преку својата филијала во Обединетото кралство, „Green Machines sweepers – UK“, со своја директна продажба, постпродажни сервисни услуги и изнајмување на опрема.

Возилата на „Грин машинс“ беспрекорно ја одржуваат хигиената во едни од најпосетените места во Лондон како што се Централ парк и областа Вестминстер  во централен Лондон.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе