„Брако“ од понеделник на саем за жичани производи во Диселдорф

Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија.

Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тони месечно, жичани производи во следните четири години.

„Наша цел, како изложувачи на ’Wire Dusseldorf’ е да ја презентираме широката палета на жичани производи по која сме препознатливи во регионот, со посебен акцент на производствената програма на најновите еколошки постројки за производство на поцинкувана жица, со кои сме многу горди и сме први во Европа,“ вели директорот на Жичано производство во „Брако“, Љупчо Прентоски.

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски  активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица,  универзално жичано плетиво и бодликава жица.

На саемот кој што годинава се одржува од 20 до 24 јуниј под слоганот „Join the best“ во Messe Dusseldorf свое присуство имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе