Телма

„Брако” на Анѓушев, „Систина” на Камчев, „Дурмо турс”, „Кромберт и Шуберт”…добија државна помош за исплата на плати

Компаниите „Кромберт и Шуберт” од Битола со 1,19 милиони евра и „Гентерм“ од Прилеп со 422 илјади евра, добиле најмногу пари од државата како помош за исплата на плати, објави Телма

На списокот на фирми на кои им биле префрлени по 14.500 денари за вработените, поради негативните ефекти од корона кризата се и компании на доскорешни владини функционери, приватни болници, обложувалници, казина, странски инвеститори, приватни училишта и универзитети, медиуми, винарски визби, текстилни фабрики, дури и религиски заедници.

Велешки „Брако”, компанија на поранешниот вицепремир Кочо Анѓушев доби околу 106.000 евра, а „Аџибадем Систина“ на бизнисменот Орце Камчев, 142.000 евра.

Меѓу компаниите кои земале по над 100.000 евра се многу обложувалници и казина. „Спорт лајф“ е во првите пет компании со 183.000 евра, „Делта Бет“ над 132.000 евра, „Сенатор“ 131.000 евра, а „Принцес хотел и казино“ од Гевгелија речиси 120.000 евра.

Пари добила и компанијата „Дурмо турс“ за која се води судски процес за несреќата кај Ласкарци, а на листата е и Исламската заедница – Муфтивство Прилеп со над 32.000 евра.

До сега е одобрена финансиска помош од над 28 милиони евра за 21.542 компании, односно за околу 126.000 вработени.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе