Свое присуство во Messe Dusseldorf имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.
„Брако“ своето место на престижниот саем во Диселдорф го обезбеди со амбиција за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство на жица и жичани производи во следните четири години. Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.
Саемот „Wire“ во Диселдорф е идеална платформа за комуникација на експерти од целиот свет од областа на индустријата за производство на жица и жичани производи . Како меѓународен форум, саемот овозможува размена на искуства од последните случувања и трендови, воспоставување нови деловни контакти како и интензивирање и зацврстување на веќе постоечките.
Од 30 мај до 3 јуни годинава „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена „Грин машинс“, ќе биде дел и од престижниот саем IFAT во Минхен. Водечкиот саем од областа на еколошките технологии, во светски рамки е најголемата платформа од која произлегуваат најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии за заштита на животната средина.
„Грин машинс“ е во листата на излагачи кои на својот штанд ќе ги презентира последните револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин Машинс“ возила и машините за чистење надворешни површини, со специфични и различни намени.
Посебно место ќе заземе GM 955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM 955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум. Ќе се презентираат и возила од серијата GM 400 и GM 500.
На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот IFAT е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании.
Комерцијален текст