„Руските копнени сили се пробија и создадоа тесен коридор во украинската територија за да влезат во местото Очертино, околу 15 километри северно од центарот на Авдеевка“, се наведува на профилот на британското министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс. Очертино во Доњецкиот регион пред почетокот на конфликтот имало околу 3.500 жители.
Дури и по заземањето на Авдеевка кон средината на февруари, за Русите освојувањето на тоа подрачје е една од клучните операции, проценува британското министерство за одбрана. „Иако нижат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сли се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во таа област и дека ја презеле контролата врз неколку помали населби“, се додава во извештајот.
Британското министерство за одбрана редовно објавува информации за текот на конфликтот во Украина. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.