Богов: Политичката криза предизвика поголем економски пад од очекуваниот

Продолжената политичка криза ѝ нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме никаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.

„Нашите превидувања од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно беа премногу оптимистички. Политичката криза предизвика поголем пад отколку што првично сметавме“, вели Богов во интервју за Ројтерс на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки во Сарево.   

Тој нагласува дека, имајќи предвид оти во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, би „бил среќен ако оваа година ја завршиме со позитивен економски раст“.

Богов во интервјуто додава дека  македонската економија следната година може повторно да бележи раст, доколку се стабилизира политичката ситуација.

„Доколку имаме целосна политичка стабилност и економски политики од новата Влада, можеме да очекуваме растот постепено да се врати на трендот што го имавме пред да западнеме во политичката криза во 2015 година“, вели гувернерот.

Богов очекува Владата да продолжи со фискалната консолидација со цел да го стабилизира буџетскиот дефицит, кој се проценува на околу три отсто за оваа година.

Според него, по тригодишна дефлација, се очекува годинава инфлацијата да достигне 1,3 отсто, а во 2018 се предвидува нејзината стапка да изнесува два проценти.

 

 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе