Бочварски: Со либерализација на пазарот ќе има повеќе можности за патување со железницата

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека повеќе можности за патување на граѓаните со железницата ќе се овозможи со процесот на либерализација со кој на пазарот би влегле и други оператори. Тој денеска присуствуваше на настанот по повод заокружување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

На новинарско прашање дали се планира обнова на возниот парк за Железницата бидејќи веќе долго време не сообраќаат возовите кон Кичево и Кочани, Бочварски денеска рече дека интересот за тие две линии е намален, а за останатите каде има доволен број патници е обезбедена поддршка за претпријатието пред кое претстојат предизвиците со либерализацијата на пазарите и со преструктуирање.

„Интересот за овие две делници е исклучително намален, и кон Кочани и кон Кичево, и токму поради тоа сите линии кои се оперативни, на пример Скопје – Велес оперираат во овој момент и останатите каде што имаме доволен број патници, Министерството за транспорт и Владата веќе имаат одобрено финансиски средства каде што даваме целосна поддршка за ова претпријатие да продолжи со оперирање на јавниот патнички превоз во Железницата. Така ќе продолжиме да работиме и во идниот период со цел да опстои во овие тешки времиња бидејќи се работи за претпријатие од исклучителна важност“, изјави министерот на новинарско прашање, по настанот по повод заокружување на изградната на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Според него, со либерализацијата на железничкиот транспорт и отворањето на пазарот во идниот период ќе може да се разговара на темата за, како што рече, отворање на границите на некој начин и влегување и на други оператори на територијата на државава.

„Со тоа ќе се отворат повеќе можности за граѓаните за да патуваат со железничкиот транспорт“, изјави Бочварски.

По намалувањето на влијанието на економско енергетската криза ќе се разговара и за третата опција, односно преструктуирање на ова претпријатие со што, потенцира, ќе добиеме подобри и навремени услуги и задоволство кај граѓаните во однос на железничкиот транспорт.

Во третиот квартал годинава во железничкиот сообраќај се реализирани вкупно 352,4 илјади возни километри, што претставува намалување за 15,5 проценти во однос на истиот период лани, како резулатат на намалувањето на бројот на возови и во патничкиот и во товарниот сообраќај.

Во делот на железничкиот сообраќај Бочварски потсети дека е почнат проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија, во вредност од околу 200 милиони.

„Проектите се движат и едно вакво тешко време, кога состојбите со енергетската криза во цела Европа, а и осцилациите на градежните материјали кои се случуваа во текот на оваа година прават притисок, но не дозволуваме ниту еден проект да биде запрен. Локалните патишта исто така се многу важни во делот на локалните средини, како проект што го имаме во вредност од околу 70 милиони евра директна поддршка кон општините, средства кои се грантови за општините – неповратни средства, а со кои Владата сака да помогне и да даде поддршка за зголемување на безбедноста“, додаде Бочварски.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе