Со Буџетот за 2020 година

Бочварски: Клучен проект за идната година пруга со Бугарија

Изградба на железничка врска со Бугарија, тоа е клучниот капитален проект на кој Владата ќе се фокусира идната година со парите предвидени во Буџетот, како дел од Коридорот 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција наведе и дека ќе се работи на проект за брз јавен превоз во Скопје чиј носител ќе биде градот

„Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридор 8 за што проектиравме 1 милијарда и 800 милиони денари“, рече Бочварски.

Над 80 проценти од буџетските средства предвидени за инвестиции се со капитално значење, рече тој и наведе дека ќе се работи на изградба на услови за побрз јавен градски сообраќај во Скопје.

„Следната година во соработка со Град Скопје се отпочнува проект за брз автобуски превоз каде Градот е носител и имплементатор на проектот, а Министерството за транспорт и врски е овластен претставник за земјата за повлекување на средства од ЕБОР. За таа цел за 2021 година за оваа намена предвидени се 33 милиони денари“, изјави Бочварски.

Исто така со Буџетот планирани се и 69 милиони денари за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии.

Министерот рече дека силен фокус ќе се даде на доизградба на магистралните гасоводи како важен сегмент за одржување на економската стабилност на домашното стопанство, за што се планирани 749 милиони денари. Обезбедени се 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализации и водоводи во општините, како и  615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините.

Бочварски рече дека е особено горд сега како министер, а претходно како градоначалник е што започна изградбата на браната Отиња во Штип, за што сега се проектирани 150 милиони денари.

Презентирајќи ги капиталните проекти, тој додаде дека за следната година предвидени се и 134 милиони денари за изградба на социјални станови, како и 114 милиони денари за проект за олеснување на трговијата за Западен Балкан.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе