Бочварски: Инвестираме 100 милиони евра во патиштата кон Бугарија, напредуваме и со гасификацијата

Треба да развиваме појасни и посилни инфраструктурни проекти со Бугарија, дел од ова е и Коридорот 8, ако зборуваме за патната инфраструктура, источниот крак од Скопје до границата со Бугарија чини околу 100 милиони евра, што значи ние даваме енергија и придонес за развој на односите со Бугарија. Практично го рехабилитираме постоечкиот пат, го средуваме експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде исто така дел од целиот проект. Инвестираме 100 милиони евра во патиштата. Некаде се јавуваат проблеми со експропријација, имаме понекогаш застој, во моментов се откажа една од компаниите изведувачи, па сега преговараме за друга компанија, но ние не сме се откажале никогаш од патната комуникација со Бугарија.

Ова синоќа го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во централниот дневник на ТВ Сител, кој се осврна на значењето на патната инфраструктура кон источниот сосед, а со тоа и подобрување на политичките односи помеѓу двете држави.

Министерот Бочварски се задржа и на железничката пруга кон Бугарија, која со децении е само проект и додаде оти сега конечно тргнуваат подготовките за капитална инвестиција.

„Имаме владина одлука да ги споиме делниците од Куманово до Бељаковце, а потоа и до Крива Паланка. Во првиот квартал од 2021 година ќе избереме изведувач за првите две фази, а потоа и за третата фаза од проектот. Ни требаат сериозни компании кои ќе бидат одговорни затоа што само железничката пруга би чинела 600 милиони евра“, рече Бочварски.

Во врска со процесот на гасификација на државата пред две до три недели имавме посета, заедно со премиерот и со други министри направивме увид на кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, таму е 65 отсто готова работата. Кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот. Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора. Нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, затоа што потоа проектот ќе продолжи кон Косово, односно ќе можеме да го снабдуваме Косово, а понатаму и Црна Гора, но и дома да имаме гас насекаде. Ова е огромен проект, кој немал 25 години поместување, а сега имаме сериозен прогрес кој ќе доенсе бенефит на граѓаните, така ќе помогнеме на економијата, но и на домаќинствата, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Прашан и за автопатот Кичево – Охрид, министерот истакна дека нема да прогнозира кога ќе заврши целиот проект, но, како што рече тој проект напредува.

„Во врска со патот Кичево – Охрид јас сум во комуникација со сите кои работат. Спремни сме да влеземе и во законски измени заради експропријација во некои делови. Таму имаме такви случаи, но имаме и добри сигнали, се работи и оваа есен, има 470 машини, имаме 860 работници на овој проект, 58 отсто од работите се завршени, особено непредвидените клучки, имаме потрошено 350 милиони евра за реализација на овој проект. Не би проценувал рок на завршување, до моментот кога би видел дека целиот проект е завршен, тогаш ќе бидам сигурен. Добар сигнал е дека се одглавуваат проектите и дека се движат работите“, рече Бочварски.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе