Министерот за транспорт и врски на прес-конференција

Бочварски: Ги отворам вратите за сите наши капацитети, инженери, правници, архитекти...

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска упати повик за вклучување на градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област во поставување систем кој, како што рече на прес-конференција, ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции.

„Во ова тешко време на ковид криза кога имаме сериозни импликации врз економијата, остануваме силно фокусирани на висока реализација на капиталните проекти, со што ќе помогнеме за заздравување на домашната економијата преку градежниот сектор“, рече на прес-конференција Бочварски.

Според него, изградбата на патната и железничката инфраструктура, гасоводи, водоводи и канализациски системи и другите инфраструктурни проекти се исклучително важни за развојот на државата и претставуваат најсилниот мотор на секоја економија. Во овој сектор, како што порача, не смее да има никакви импровизации, бидејќи тие се недозволиви, а многу често кога ќе се случат граѓаните ги плаќаат повеќекратно.

„Затоа ги отворам вратите на Министерството за транспорт и врски за сите наши македонски капацитети, градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област, со цел поставување систем кој ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции. Ќе ги ангажирам сите административни капацитети, ќе го искористам моето знаење и упорност со единствена цел да создадеме систем преку кој ќе се гради модерна инфрастуктура, за денешните и идните генерации“, рече Бочварски.

Инвестициите во инфраструктурата, како што рече, ги реализираат преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, над 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на околу 450 километри локални патишта.

„Во соработка со други министерства преку разни програми се планира изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови, а ќе воспоставиме нови авиолини и други проекти со кои ќе ја вратиме економијата на потребното ниво со што ќе се овозможи отворање на нови работни места“, рече Бочварски.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе