Благодарност од Алпско до сите медицински работници

Вработените во Алпско деновиве иницираа акција за поддршка на медицинските работници на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.  Алпско самоиницијативно одлучи да дистрибуира бесплатни појадоци за вработените на Клиниката за инфективни болести и со тој скромен гест да им се заблагодари за сета грижа и пожртвуваност во ова време на пандемија.

Иницијативата да се поддржат медицинските лица, е да им се помогне користејќи го главниот извор на компанијата - здрав и вкусен јогурт со топло домашно пециво. Вчера беа испорачани 180 оброци согласно распоредот на докторите и сиот медицински персонал на Клиниката.

„Знаејќи дека околностите со вонредни повици и состојби за медицинските лица значат немање  загарантирано време за појадок или за кафе, решението се наметна само од себе - на овие луѓе им треба оброк! Контактиравме со Клиниката и се согласивме да им доставиме здрави и вкусни појадоци на медицинските лица според распоредот и количината што ја бараа“, додаваат од компанијата.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе