Благодарница на град Скопје до „Аџибадем Систина“ за кампањата „Возврати силно”

Третата работилница од кампањата „Возврати силно" тимот на клиничката болница „Аџибадем Систина" ја одржа во управата на град Скопје. Вработените во општината имаа можност да бидат дел од акцијата на болницата за подигнување на свеста за ракот на дојка.

Во текот на овој октомври, „Аџибадем Систина“ со низа едукативни работилници во домашни компании и институции дава придонес во зголемување на гласноста од важноста на превентивните гинеколошки прегледи и самопрегледите на дојка кои жените треба да ги прават редовно. На овие средби се зборува и за важноста на тироидната жлезда, како се третира и кои проблеми можат да настанат доколку има  неправилно функционирање.

Свесни треба да сме во текот на целата година, но овој октомври „Аџибадем Систина“ креираше кампања за зголемување на самосвесноста кај жените за поголемо внимание кон своето здравје. Статистиката покажува раст на бројот на новозаболени од рак на дојка.

На работилницата присуствуваа повеќе вработени во Град Скопје, а средбата ја водеа д-р Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика, д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина, и д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија и акушерство. Низ разговори и отворање на дилемите докторите ги потенцираа ризиците на кои се изложени жените, како тие сами да ги препознаат промените на нивното тело.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија, на ваков начин дава придонес за намалување на бројот на потенцијално заболени и во нашата земја, а на последната работилница Синдикалната организација при Град Скопје на болницата ѝ додели и благодарница за одржувањето поради тоа што со неа се подигнува свесноста за женското здравје и кај вработените од оваа институција.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина има најсовремена опрема за брза и прецизна дијагностика. Болницата располага со врвна технологија, мултидисциплинарен пристап, врвен и современ третман.

Во текот на месецов ќе има и други вакви работилници. Претходно се одржа една во салата „Јане Сандански“ каде што се дебатираше со младите ракометарки од РК „Вардар“, додека другата беше меѓу вработените во компанијата „Тинекс“.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе