Средба на министерот Бесими

Бизнис заедница: Последиците од ковид кризата мора да се надополнат со забрзан раст

Планот за забрзан раст стимулира финансирање на економијата одржувајќи фискална стабилност со поддршка на државниот и приватниот капитал.

Планот за забрзан развој од страна на Министерството за финансии вчера пред репрезентативен број на претставници на компаниите члкенки на Стопанската комора беше презентиран од министерот Фатмир Бесими.

Клучните компоненти во тој план се зголемени инвестиции од 4 милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до 5% и обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60% од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на 3%.

Министерот Бесими кажа дека е ова оквирен план што ќе ги обедини сите механизми и алатки за поддршка на инвестициските активности на државата едно место и произлегува од сумираните извештаи на годишната конференција „Скопје економски финансиски форум 2021“, кој од идната година ќе се организира заедно со бизнис секторот.

Во дискусијата што следеше, учествуваа поголем број македонски бизнисмени подржувајќи ги контурите на планот и укажаа на повеќе сегменти, кои се исклучително важни при неговото конципирање.

Однапред дефинирани критериуми, соодветна законска регулатива, форсирање на обновливите извори на енергија, погрешните субвенции во агросекторот, исклучително лошата состојба во градежништвото, состојбата со пазарот на работна сила, детални анализи за гранките што можат да испорачаат додадена вредност, се само дел од забелешките и мислењата кои ги истакнаа бизнисмените.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, го поздрави континуираниот дијалог со Mинистерството за финансии и укажа на деталното објаснување на одредени параметри од клучно значење за имплементација на планот како што се: јасно прецизирање дека нема да има зголемување на даноците; јасно прецизирање на улогата на приватниот сектор во целиот план и форсирање на петте клучни приоритети на приватниот сектор како што се: енергичната борба против сивата економија и корупцијата, забрзувањето на процесот на гасификација, поддршката на извозните компании, средување на состојбите во јавната администрација…

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе