Стопанската комора на Македонија

Бизнис секторот од Пелагонискиот регион веќе 15 години чека на автопатот Меџитлија-Велес

Стопанствениците од Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп уште еднаш апелираат до Владата на Македонија да одржат средба со премиерот и неговиот економскиот тим на која би ги изложиле своите аргументи повторувани 20 години во функција на подобрување на економската ситуација што би имале корист сите. Регионалните комори со седишта во Битола и Прилеп при Стопанска комора на Македонија од Пелагонискиот регион, бараат модернизација на регионалната патна инфраструктура во овој регион и инвестирање и модернизирање, пред сè на патниот правец Меџитлија-Битола-Прилеп-Велес со модерен автопат.

Во Пелагонискиот регион се создава 11,3% од БДП и работаат над 8.300 компании, со вкупно 130.000 вработени.

Поводот за овој состанок е незадоволството на бизнис секторот oд Пелагонискиот регион за невклучување на овој регион во плановите за капитални инвестиции и Фондот за патишта на Владата за новата 2021 година.

Иницијативата за ова патно решение првично e покрената на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп на 13.06.2005 година и на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Битола на 17.11.2010 година, каде се спомнува главен проект од 1997 година за истиот пат во должина од 52,65 км т.е. 71,87 км. Во 2008 година од сопствени средства на Комората, изработен е и предлог проект од фирмата Балкан консалтинг.

Во последните 3 години за ова прашање е дискутирано со највисоките претставници на извршната власт и тоа на неколку последователни средби и работни состаноци во Прилеп и Битола со претседателот на Владата, со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за транспорт и врски и министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Оваа иницијатива ќе има големо значење и за работењето на компаниите од Југозападниот регион кој учествува со 19,5% од БДП, но и за поврзување со Република Грција (со околу 250.000 жители во пограничните региони) и Република Албанија (со околу 150.000 жители во пограничниот регион) со што ќе опфати регион од околу 1 милион жители, се вели во соопштението на Регионалната комора на Прилеп и Битола.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе