Како до нови канали на дистрибуција

Бизнис модели за локалните производители да ја зајакнат работата во услови на пандемија

Со цел да им се помогне на малите, локални производители на храна и дистрибутери, кои во време на пандемијата се соочија со проблеми на производството и рентабилноста како и со пласманот, се одржа средба со дваесетина претставници на локални фирми на која бизнис експерти им понудија решенија за формирање на бизнис модели за раст на нивното производство и за зголемување на вработеноста. Активностите се поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка преку програмата ИМЕ, а во организација на Импакт Фондација и СлоуФуд Македонија.

„Силни мали производители водени од бизнис" претставува проект произлезен од тековната пандемија со ковид-19 кој ги третира предизвиците во рамки на домашниот систем за производство на храна, поконретно малите локални производители и работниците во синџирот на локалното производство и преработката на храна. Целта, како што соопшти „Импакт фондација", е да им се помогне во насока на откривање на нови канали на дистрибуција, во услови кога поради состојбите предизвикани со пандемијата, постојано се изложени на заканите од невработеност и слаб пласман на нивните производите на пазарот.

Токму мотивирани поради ваквите состојби, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка преку програмата ИМЕ, а во организација на Импакт Фондација и СлоуФуд Македонија и со учество на експерти од соодветни бизнис области, преку платформата Google Meet се одржа средба со дваесетина производители во функција на обука за бизнис модели и рентабилност во производството. Учесниците се стекнаа со практични знаења како да формираат бизнис - модели и како да ја пресметаат својата рентабилност, се вели во соопштението.

Проектот „Силни мали производители водени од бизнис", како што се истакнува, овозможува инклузивен и оддржлив раст на малите производители на храна и воедно поттикнува континуиран пораст на локалната економија и искоренување на невработеноста.

„За време на имплементирање на проектот секој производител врз основа на наодите добиени при комуникацијата со него добива детално изработен бизнис модел и менторство при спроведување на истиот, со јасни насоки на кои ќе се насочува во иднина. Дополнително, во времетраењето на проектот, производителот ќе има можност да биде промовиран преку социјалните медиуми со што му се овозможува поголема видливост и полесен и директен пристап до купувачите, притоа се поттикнува посилен и конкурентен производствен сектор во земјата", наведува Импакт фондацијата.

Проектот е започнат кон крајот на 2020 година со мапирање на повеќе од 30 производители со вклучен развој на критериуми за нивна селекција и избор на 20 мали производители на кои ќе им биде укажана поддршка. Изработен е и водич за безбедност на производи со СлоуФуд. Во вториот дел на проектот беше оддржана обука во насока на избор на бизнис модел и рентабилност отворена за сите производители, се информира во ова соопштение и нагласува дека е предвидена уште една обука од областа на маркетингот со што ќе се заврши делот за градење на капацитет кај производителите.

Инаку, Импакт фондацијата за развој на приватниот сектор преку континуирана промоција на одржлив разво работи на полето на зелени економии, одржлив туризам и иновативни технологии со пристап за развој на пазарните системи. Слоу фод Македонија пак, како организација настојува да ги заштити од исчезнување традиционалните и регионалните кујни, да го поттикне земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот еко систем и во партнерство со Импакт Фондација се залага за успешно реализирање на овој проект. Целата активност е спроведена со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе