Битиќи: Синдикатите, коморите, експертите... заеднички ќе креираме политики кои значат развој

Зачувување на секое работно место, создавање на развојна и одржлива економија која носи предвидливост, намалување на сиромаштијата под 16 проценти и едноцифрен број на невработеноста и економски раст од четири проценти, се дел од приоритетите на кои ќе работи економскиот тим на Владата кој ќе биде координиран од вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На денешната прес-конферениција на која го презентираше мандатното писмо со кое го задолжил премиерот, Битиќи рече дека продолжува борбата за секое работно место и за креирањето на нови работни места. Ги повика сите чинители на општеството – синдикатите, коморите и експертите заеднички да работат на креирање на платформа за економски развој на државата со која ќе се обезбеди подобар живот за сите граѓани.

„Нема еднострани чекори и мерки, туку заеднички чекори. Сите заедно ќе разговараме како може да се најдат мерки и да се креираат политики кои значат развој. Тоа нека биде повик денеска, а тоа го покажавме и досега со посетите на коморите и синдикатите, дека сакаме заедно да најдеме решенија. На крајот на денот, јас сакам да им служам на граѓаните и граѓаните да бидат консултирани за носењето на одлуките. Овие четири години заедно ќе ја градиме државата и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава“, рече Битиќи.

Со цел навремено, транспарентно и целосно реализирање на буџетските расходи, како што најави Битиќи, ќе се формира централна единица за поддршка на јавните инвестиции на владино ниво кое ќе обезбеди експертиза за реализација на капиталните инвестиции.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе