Прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања

Битиќи: Се разговара за моделот, но поддршка за платите секако ќе има

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има. Со синдикатите и коморите десетина дена разговараме за моделот којшто ќе биде прифатен, а одлуката ќе биде набрзо донесена, најави на денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Ќе повторам само неколку факти. Кога финансиската поддршка за плати беше воведена во април месец за поддршка на платите во април месец имавме 128 илјади вработени поддржани со таа мерка. Тогаш јасно беше кажано дека со уредбата ќе се подржат компаниите коишто имаат пад од над 30 отсто и притоа финансиската поддршка ќе стане неповратна ако тие инвестираат во човечките кадри, ако инвестираат во нови технологии, ако инвестираат во стандардизација на процеси. Значи, имаше услови коишто треба да се исполнат за да стане неповратна и ако финансиските резултати на крајот на годината на тие компании коишто ја имаат искористено помошта е позитивна тие ќе треба да вратат одредени средства. И затоа таа продолжи и во мај и јуни", рече Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека бројот на вработени коишто биле поддржани со плати опаѓал од месец во месец, за да се дојде во месец декември, кога беше шестиот месец на субвенции во стопанството, до 60 илјади вработени кои се некако поддржани со мерката финансиска поддршка на плати.

„Ние во финансиската поддршка за плати во октомври, ноември и декември направивме скалеста поддршка во која што на најпогодените, тие коишто имаат 80 отсто пад и повеќе им дававме бруто минимална плата од 22 илјади денари. Компаниите коишто тоа го имаат искористено е минимален или на ниво на статистичка грешка 3 до 5 отсто од вкупниот број. Сите други спаѓаат во категоријата околу минималната плата или просечната поддршка добиена во трите месеци на крај на годината со финансиската поддршка на плати е 15.800 наспроти 14.500 во првите три месеци кога ја дадовме поддршката", образложи Битиќи.

Тој нагласи дека финансика поддршка за плати ќе има зашто на Владата ѝ е важно секое работно место.Но, во земјавва има околу 180.000 блокирани сметки.
„Тоа се најмалку 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално и тоа е бројката што најмалку ќе биде опфатена", рече Битиќи.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе