Битиќи порачува: Нема да дозволиме партиско-политичко профитирање од платформата „За татковината со љубов“

Во платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов може да се вклучат сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес, но нема да дозволиме никакво компромитирање на оваа благородна иницијатива, ниту пак какво било партиско-политичко профитирање, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Откако во јавноста се отвори дискусија за тоа кој сѐ е вклучен во платформата, Битиќи во објава на Фејсбук појаснува дека станува збор за неформално тело, односно како што вели, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да дојдеме до поквалитетни предлози и политики. Тие, како што додава, не се професионално ангажирани како советници во неговиот кабинет или во Владата, а нивните мислења не се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест.  

Во моментот активни членови на платформата се Агим Мамути, Благица Петрески, Борче Треновски, Борче Смилевски, Борис Ефтимовски, Ванчо Узунов, Веле Самак, Висар Адеми, Вељанд Рамадани, Виктор Мизо, Горан Рафајловски, Зоран Кочоски, Игор Ивановски, Игор Андреев, Коста Петров, Љупчо Зиков, Марјан Петрески, Никица Мојсовска Блажеска, Никола Поповски, Нина Фити, Олимпија Заевска Христова и Сашо Ќосев.

Битиќи вели дека покрај оваа неформална група, секојдневно разговара со различни претставници од бизнис заедницата, академци, граѓани и нивните барања и мислења влијаат на предлозите што потоа ги даваат и ги усвојуваат како Влада.

„Секако, Владата работи по свои јасни методологии и процедури и секоја дискусија и консултација која ние како политички претставници ја правиме, на крај се преточува во одредена предлог одлука, политика, стратегија, акциски план и за сето тоа е навремено информирана јавноста“, додава тој.

Битиќи појаснува дека составот на #ЗаТатковинатаСоЉубов е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имало повеќе од 20 економски експерти од различни области, а сега веќе се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе