Дали набрзо ќе има нови цени за енергијата

Битиќи не верува дека ќе поскапи струјата, но верува во поскапување на горивата

Вицепремиерот Битиќи не очекува да се зголеми цената на струјата бидејќи ЕСМ понудила за 7 проценти пониска цена во споредба со минатата година. „Сепак, да почекаме уште некој ден затоа што конечниот став треба да го соопшти Регулаторната комисија за енергетика“, изјави на новинарско прашање Битиќи. Тој очекува да не се остварат најавените блокади од опозицијата на „зелената еколошка такса“ за горивата и дека ќе се реализираат законските измени кои ќе доведат до поскапување за над 3 денари по литар.

„Верувам дека е работа на денови кога ќе бидат донесени законските измени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било“, рече Битиќи. 

Според него, ако сакаме да живееме во подобро, битен е секој денар, а токму еколошката такса, како што нагласи, е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните.

Битиќи оцени дека граѓаните сами ќе си кажат кој е планот „б", доколку ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на еколошката такса.

Според планот на Владата, безоловниот бензин со еколошката такса ќе добие цена повисока за 3,1 отсто, а кај останатите горива и мазутот зголемувањето ќе изнесува 3,5 денари.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе