Вицепремиерот најави инспекции на терен

Битиќи најави дека ќе се објават компаниите кои вештачки ги кренале цените на производите

Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените врз база на инспекциски наоди, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој нагласи дека останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на цените на одредени производи, а како пример посочи вид на тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти. Вицепремиерот вели дека ССМ ќе бидат повикани на разговор и оцени дека не е е време за штрајк сѐ додека има отворени прашања за дискусија.

„Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на цените, кажав и минатата недела. Еве пример зошто го тврдев тоа. За само два дена, маржата на добивка кај тестенина од еден производител, пораснала од четири проценти на 31 мај на 72,5 проценти т.е. граѓаните плаќаат 65 проценти повисока маржа на добивка за тестенина од еден производител“, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Таб мак" во Пробиштип.

Во текот на оваа недела, според најавите на вицепремиерот, повторно треба да има и средба со претставници на Сојузот на синдикати кои најавија генерален штрајк на 22-ри овој месец поради неисполнување на нивните барања.

Дијалогот, како што изјави Битиќи, продолжува и има отворени прашања за кои треба да се разговара.

„Имаме отворени прашања со ССМ. Не е само усогласувањето на платите и нивното барање за линеарно зголемување на платите. Тука е методологијата за раст на платите и законот за плати кој треба еднаш за секогаш да го реши прашањето за зголемувањето, ефикасноста, ефективноста. Сѐ додека имаме отворени прашања, не би требало да повикаме на штрајк. Треба да седнеме на маса. Веќе оваа недела ќе ги повикаме, за да зборуваме за овие отворени прашања“, рече Битиќи, најавувајќи дека на следната владина седница ќе бидат формирани работните групи од страна на Владата кои ќе треба да почнат да работат на одржливо решение.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе