„Законското решение е направено така што ако е потребно и ако се види во ноември или на почетокот на декември дека таа помош е потребна за стопансвото во првиот период од 2021 година, секако дека ќе може да биде продолжена“, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата преку видеоврска.
Тој нагласи дека будно се следи ситуацијата и оти се во секојдневна комуникација со стопанските комори и додаде дека ќе бидат тука за да им излезат во пресрет на барањата на компаниите доколку увидат дека е тоа потребно.