„Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата.
Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно. Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа“, напиша Битиќи.