На прашањето дали се планира ребаланс на државната каса

Битиќи: Буџетот е во подобра состојба од очекуваното

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека во моментов нема потреба од ребаланс, бидејќи ликвидноста и приходната страна на Буџетот се попозитивни од очекуваното.

„Во овој момент не размислуваме за ребаланс иако вообичаено во период дури и кога немало кризи сме имале најмалку еден ребаланс. Кажавме ако е потребно секако ќе влеземе во процес на ребаланс, но сѐ уште немаме прецизирано кога би било тоа затоа што податоците за ликвидноста на Буџетот, на приходната страна во Буџетот се стабилни, дури се и попозитивни од тоа што и самите го очекувавме“, рече Битиќи во одговор на прашање по денешното потпишување договор за државна помош со Дрекселмајер.

Тој посочи дека засега за управувањето со јавни финансии доволна е алатката за пренамена на буџетските средства

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе