Прес-конференција во Владата

Битиќи: Буџетот е така скроен за да обезбеди економско заздравување

Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот треба да обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со ковид-19, а веќе во следните три години забрзан и одржлив економски развој, рече на прес-конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи рече дека очекувањата се во втората половина на 2022 година да се врати преткризното ниво на БДП, а веќе во 2025 година економија да расте со стапка од 5,9 отсто, додека пак планот е буџетскиот дефицит во 2025 година да се спушти на 2,5 отсто од БДП.

Тој нагласи дека Буџетот за 2021 година е така конципиран за да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните како последица на здравствената криза, но и да овозможи постепена консолидација и стабилизација на економијата.

„Доколку сѐ се одвива по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1 отсто, да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4 отсто, воедно да пораснат и бруто-инвестициите за 8,4 отсто. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8 отсто, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2 отсто", рече Битиќи.

Тој најави реализација на капиталните проекти во патната, железничката, комуналната и енергетската инфраструктура, развој на земјоделството и инвестиции во спортот, културата, здравството и образованието. За нив се планирани 23 милјарди денари или 374 милиони евра, средства кои се за 20 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс на Буџетот за годинава.

Новина е, како што рече вицепремиерот Фатмир Битиќи, и формирањето на Централната единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции со која ќе се обезбеди високо ниво на нивна реализација.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе