По медиумските пишувања дека претстои енергетска криза

Бислимовски смирува: Нема причини за поскапување на струјата

Иако цената на светските берзи неколкукратно стана повисока од цената на струјата во Македонија, нема причини кај нас да поскапи, бидејќи ЕСМ го покрива нашиот пазар, а цената е утврдена најмалку до декември, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимовски. Нема место за паника, вели Бислимовски по медиумските пишувања за глобален вртоглав раст на цената на струјата и дека тоа ќе предизвика ценовен шок најпрво во сферата на енергетиката, а потоа и на цената на производите и услугите.

Бислимовски вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември.

„Засега не гледам причини за корекции на цената на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за Универзалниот снабдеувач по цена од 36 евра за мегават час“, вели Бислимовски.

Тој потсетува дека цената на електричната енергија кај нас секогаш се утврдува во јуни и важи најмалку до крајот на декември, а потоа се распишува нов тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

„На новиот тендер АД ЕСМ повторно ќе има понуда за снабдување на Универзалниот снабдувач со електрична енергија и не мислам дека може да се очекуваат промени“, нагласува Бислимовски.

За зголемувањето на цената на електричната енергија на светските берзи смета дека е инцидентно и оти е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и шпекулации кои влијаат и на домашниот пазар.

„Цените на берзите се зголемуваат на слободниот пазар, но во принцип никаде во Европа нема зголемување на трошоците на производство така што ова пред се е шпекулативно направено. Станува збор за инцидентна ситуација“, вели Бислимоски.

Тој нагласува дека РКЕ се бори да ги задржи снабдувачите и врши притосок тие да си ги завршат обврските што ги презеле кон компаниите кои ги снабдуваат.

„Има такви кои ги гарантираат цените, но започнавме постапка за некои од нив кои се покажаа несериозни и незаконски ги откажаа договорите. Дел од компаниите имаат проблеми во снабдувањето со електрична енегија, но за тоа ние како регулатори не можеме повеќе да сториме. За тој дел на потег е државата, односно Владата“, порача Бислимовски

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе