На 50. јубилеен состанок

Бислимоски во Атина реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што доби втор мандат во извршување на оваа должност. Гласањето е реализирано на јубилејниот 50-ти состанок што се одржа во Атина, соопштија од РКЕ.

„Добивањето на доверба за уште еден мандат, освен што ја потврдува лидерската улога на РКЕ во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително реизборот е и признание на активната улога на РКЕ во креирањето на решенија во време на енергетска криза“, изјавил Бислимоски по завршување на состанокот, а информираат од Регулаторната комисија.

Тој нагласил дека е предизвик да се претседава со Бордот на регулатори во време на енергетска криза.

„Но лидерството се кристализира во нудење на решенија во тешки моменти, а не во изговори како алиби", кажал Бислимоски.

На состанокот учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, како и претставници од Европската комисија и Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе