Регулаторна комисија за енергетика

Бислимоски: Сметките за струјата на ЕВН практично ќе останат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, практично ќе останат непроменети со примена на законските одредби со кои ДДВ за електричната енергија се намалува од 18 на 5 проценти. Претседателот на Комисијата Марко Бислимоски вели дека останува евтината тарифа во делови од денот и ноќта.

На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност и снабдување со електрична енергија на потрошувачите, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.

„Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали, како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија“, изјави  Бислимоски.

Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулира Комисијата, одобрени се 6 денари.

Бислимоски посочи дека РКЕ нема влијание на останатите елементи во крајната цена, како што се увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5 отсто.

„Намалувањето на ДДВ-то е добро решение, но неопходен е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија“, рече Бислимоски.

Тој истакна и дека на МЕПСО за период од три години му се одбиени вкупно 11,6 милиони евра трошоци, додека на Електродистрибуција 12,9 милиони евра.

Воедно, денеска РКЕ одобри инвестиции за период од три години и тоа во преносната мрежа 60 милиони евра, а во Електродистрибутивната мрежа инвестиции од 124 милиони евра.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе