Регулаторна комисија за енергетика

Бислимоски: Приоритет е сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија

Енергетската независност е клучна и се обезбедува преку континуирани инвестиции во секторот, заклучиле на денешната работна средба Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и Ото Граф, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија.

Според Бислимоски, енергетскиот систем беше стабилен во време на вонредната состојба, но и сега се покажува дека е отпорен на актуелната здравствено-економска криза, што е резултат токму и на квалитетната регулација на енергетскиот сектор, при што се земаат предвид сите параметри од работата на енергетските компании, во согласност со законската регулатива.

„Сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија за граѓаните ни е приоритет. Работејќи на регулативата која ја усогласивме со законодавството на ЕУ по насока од Енергетска заедница предвидовме и посебен дел за ранливите потрошувачи кои се заштитени во овие зимски месеци. Снабдувачот во зимските месеци декември, јануари и февруари не смее да ги исклучува ранливите потрошувачи поради неплатени сметки. Се покажа дека механизмот за заштита на ранливите потрошувачи, што е пракса од ЕУ, е значаен во вакво време на здравствено-економска криза“, рече Бислимоски.

Тој додаде дека Регулаторната комисија за енергетика фокусирано работи на мапирање на градот во однос на греењето, за што се отпочнати консултации и со градежните комори.

Во однос на идните активности, еден од предизвиците на Комисијата ќе биде дооформувањето на регулативата поврзана со испораката на гас во очекување на исходот од објавениот тендер за гасификација на земјава, како и реализацијата на проектите што неодамна се најавени за изградба на терминалот за течен природен гас близу Александруполис во Грција.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе