Неизвесност пред почетокот на грејната сезона во Скопје

Без продажба на топланите парно греење е можно со бесправно користење на наш имот, порача Адора инжинеринг

Додека траат преговорите, ЕСМ сака да ги земе под закуп топланите, а компанијата Aдора инжинеринг соопштува дека веќе позитивно одговорила на барањето на ЕСМ за продажба на топланите Исток и Запад, но нагласува дека закуп на топланите би ѝ нанел голема финансиска штета. Во спротивно, нагласува Адора инжинеринг, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ, во деловно-техничка соработка со ЕСМ, да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост.

Во соопштението на Адора инжинеринг се вели:

Сакаме да потенцираме дека уште на 18 август годинава првично, од страна на ЕСМ до Адора инженеринг беше испратено барање за доставување понуда за купопродажба на топланите Исток и Запад. Адора Инженеринг во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кои што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи.

Изгледите за постигнување на договор само за закуп, доколку нема јасна интенција за купопродажба, во овој момент е енормно штетен за Адора инженеринг, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550.000 евра секоја година.

Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ, во деловно-техничка соработка со ЕСМ, да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост.

Адора инженеринг, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе