Во интервју за МИА

Бесими за даночните измени: Дел од договорите на дело се сива економија

Во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими, говорејќи за реакциите во врска со најавите за можно оданочување и на договорите на дело, вели дека на таа тема треба да се дебатира, но оценува дека во еден дел таквите исплати претставуваат своевидна сива економија. Toj вели дека оданочувањето на штедните влогови веќе било законски решено, но дека постојано се одложувала примената.

„Се работи за тема којашто опфаќа многу широк спектар на граѓани или физички лица кои се во економска активност во тој дел. За жал, во пракса сме виделе дека дел од тоа се манипулира. Имаме ситуација во која намерно се пријавуваат најниски социјални давачки, а потоа разликата се дава со договор на дело. На овој начин, директно губат вработените, затоа што во иднина ќе имаат пониски пензии. Има и ситуации во кои некои воопшто не се пријавуваат, а користат социјални здравствени услуги од Агенцијата за невработени. Ова е исто така дел од сивата економија“, изјави Бесими.

Според министерот, веќе имаме искуство дека една иницијатива не успеа и додава дека целта е да се слушнат размислувања и предлози од различни интересни групи за да се дојде со најдоброто решение, но не даде одговор дали со реформите ќе бидат опфатени и договорите на дело.

Бесими вели дека законското решение за оданочување на каматите на депозитите е донесено уште во 1996 година, но дека неговото применување досега постојано се одложувало. Тој нагласува дека конечно ќе стапи на сила од Нова година.

„На 1 јануари 2023 на сила стапува и прогресивниот данок, со кој над милион денари годишно ќе се оданочуваат со 18 проценти, а 15 проценти е ставката за сите други доходи врз основа на данокот на личен доход. Тоа е законското решение. И да не отвориме дебата, тоа стапува на сила. Што се однесува до данокот на камати на депозити, и тој почнува да важи на 1 јануари 2023. Ова законско решение е донесено уште во 1996, но неколку пати е пролонгирано", вели Бесими.

Тој појасни дека предлогот е да се оданочуваат само орочените депозити на 12 месеци, како што е тоа решено во многу земји.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе