вторник, 23 април 2024

Стејт департментот објави извештај за војната во Газа, се истакнуваат убиствата, исчезнувањата и мачењата

„Војната меѓу Израел и Газа во која се убиени десетици илјади Палестинци во Газа и која доведе до сериозна хуманитарна криза има „значително негативно влијание“ на состојбата на човековите права во тој регион“, се наведува во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за веродостојни извештаи за произволни или незаконски убиства, присилни исчезнувања, мачења и неоправдани апсења и убиства на новинари, се наведува во извештајот на американската дипломатија за спроведувањето на човековите права за 2023 година.

Во извештајот се додава дека израелската влада презела некои чекори за да ги идентификува и казни одговорните за тие злосторства.

Постапувањето на израелската војска сè повнимателно се набљудува бидејќи нивните војници убија 34.000 Палестинци во Газа, според тамошните здравствени власти, од кои голем дел цивили и деца. Појасот Газа, кој е окупиран од Израел, е претворен во пустош, а екстремниот недостиг од храна поттикнува страв од глад.

Групите за заштита на човековите права забележале бројни инциденти со цивили за време на офанзивата на израелските трупи во Газа и алармираа на порастот на насилствата на Западниот брег, кој исто така е под израелска окупација. Палестинското министерство за здравство објави дека од 7 октомври имало најмалку 460 жртви на израелската војска или израелските доселеници.

Сепак, американската влада ги отфрла тврдењата дека Израел го крши меѓународното право. Вашингтон му дава 3,8 милијарди долари годишно воена помош на својот долгогодишен сојузник Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ