Средба во Стопанската комора

Бесими ветува кредити преку Државната гарантна шема

Државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките. Државната гарантна шема треба да почне до крајот на годината, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Стопанската комора на Македонија.

Министерството за финансии со 10 милиони евра државна гаранција ќе гарантира неколкукратно повисока сума кредити, заеми за малите и средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.

Бесими посочи дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за компаниите да ги спроведуваат тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, која е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата. 

Намалување на парафискални давачки, даночен календар за поголема предвидливост и признавање на трошоците за тестовите за ковид од даночен аспект, се дел од барањата што денеска бизнисмените од Стопанската комора на Македонија му ги упатија на министерот за финансии Фатмир Бесими.

Стопанствениците бараат да се разгледа и прашањето за двојното одданочување за приватното здравствено осигурување за кое сега плаќаат персонален данок и данок на добивка.

„Над 20 проценти плаќаме дополнително на државата за здравствено осигурување со кое сакаме младите да ги мотивираме да останат во државата и да им озвоможиме да бидат здравствено покриени за било каков случај. Веројатно сме единствената држава во светот која на државата ѝ плаќа двапати за нешто што е со идеја да се мотивираат вработените да останат во земјата“, рече Живко Мукаетов од „Алкалоид“.

Во делот на енергетиката се бара укинување на царината за природниот гас и уредбата за акцизите донесена во време на ковид кризата, да се преточи во закон, бидејќи се работи за уредба со времен карактер.

„Мора да се укине царината за природниот гас воведена во 1997 година. Нема потреба таа да егзистира затоа што немаме производител на природен гас, а го оптоваруваме стопанството со таа давачка. Не се работи за голем износ“, рече Андреја Јосифовски од „Макпетрол“.

На првата средба во Стопанската комора по неговото именување, Бесими начелно ги прифати предлозите на стопанствениците, а за дел од нив рече дека мора да се видат фискалните импликации. Компаниите, како што најави, може да очекуваат признавање на трошоците за тестови за ковид од даночен аспект, а позитивен е ставот и за барањето за двојното одданочување за здравственото осигурување.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе