Бесими вели дека шпекулација е дека ќе има промена на девизниот курс

Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими“, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.

Инфлацијата, како што посочи, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе