Продолжи расправата за државната каса за 2022 година

Бесими повикува на консензус за буџетот, опозицијата да се корегира „коцкарскиот одраз“ на Заев

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на вториот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2022 година, уште еднаш апелира пратениците побрзо да ги усвојат законите кои подолго време се заглавени во собраниска процедура зашто од нив зависи, како што нагласи, реализацијата на повеќето инвестициски проекти, а дека усвојувањето на буџетот нема да има никаква цел ако останатите закони не се деблокираат. Опозцијата пак, бара корекции во буџетот, пратеникот Пренџов вели дека во него има одраз „коцкарската личност“ на Заев.

Според Бесими, ако нема консензус никој нема да добие политички поени, а штета ќе имаат граѓаните и економијата на државата.

„Стојат битни закони во собраниска процедура. Еден проект како Коридорот 8 значи многу за нашата економија, значи и нови вработувања, доходи. Или законот за задложување кај ЕБОР за автopатот Кичево – Охрид, голем број ИПА проекти. Законот за буџети цела година е во Парламентот, а има јасно дефинирани фискални правила. Има и други вакви закони кои директно влијаат врз инвестициите“, потенцира министерот.

Пратеникот Љупчо Пренџов рече дека ако постои доблест, во второто читање може да се направат корекции со цел подобрување на Предлог-буџетот.

„Заборавате дека изминатите три месеци додека фалеа чипови за автомобилската индустрија и додека цените во енергетиката се зголемија, ние немавме одговорен премиер. Тој го правеше она што го знае, да се коцка. Затоа не се прави Буџет во Влада. Во второто читање можеме многу да го подобриме буџетот ако бидеме доблесни“, истакна пратеникот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе