Бесими: Антикризните мерки го амортизираа падот во економијата во 2020

Четирите пакети антикризни мерки го намалија падот на економската активност во 2020 за околу 2 процентни поени. Ефектите на досега спроведените мерки се гледаат и преку стапката на невработеност која во третото тримесечје од минатата година се намали, како и просечната плата која минатата година во континуитет растеше, вели во интервју за „Капитал“ министерот за финансии Фатмир Бесими.  

„Поддршката кон населението и фирмите резултираше со ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Оттука, се проценува дека преку реализацијата на овие мерки падот на економската активност е ублажен, односно падот на економската активност би бил подлабок за околу 2 процентни поени во 2020 година. Стапката на невработеност, по зголемувањето во второто тримесечје, во третото тримесчје бележи одредено намалување, со што просечната стапка на невработеност во првите девет месеци изнесува 16,5%, што претставува намалување од 1 процентен поен во споредба со истиот период претходната година. Тоа е неспорен доказ дека многу работни места, сепак беа зачувани. Просечната бруто и нето-плата продолжија да растат во континуитет во текот на целата година“, вели Бесими.

Во однос на висината на фискалниот стимул споредено со другите земји од регионот, Бесими наведува дека кај нас е направен добар баланс помеѓу стимулативните пакети и задржувањето на долгот на едно ниво, коешто на среден рок ќе се стабилизира и нема да преставува закана или пречка за понатамошниот економски развој и макрофинансиската стабилност.

Прoектираната вредност на претходните четири пакети е околу милијарда евра или околу 10% од БДП. Секоја земја преземаше мерки согласно расположливиот фискален простор. Согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4% од БДП во Бугарија, 2,8% во Албанија, 3% Босна и Херцеговина, 3,7% во Црна Гора, 4,1% Косово, Хрватска со 7%, ние со околу 10%, Србија на слично ниво со 11,3% и Словенија и Грција со околу 14% од БДП. Со тоа што кај Словенија и кај Грција има значително зголемување на државниот долг од почетокот на кризата за 13 процентни поени, односно за 19,4 п.п. респективно и државниот долг на Словенија на крајот на третиот квартал изнесува 78,5% од БДП, додека на Грција 199,9% од БДП. Кај останатите земји во регионот тој се движи од 90,8% Црна Гора, 56,8% Србија, Република Северна Македонијa 51%, Босна и Херцеговина 38,9% и Косово 22,1%, согласно податоците на европската статистичка агенција „Еуростат“, вели Бесими.

Заклучно со минатата година, од Ковид-19 програмата на Владата, исплатени се 292 милиони евра или над 95% од буџетираните по основ на финансиска поддршка за исплата на плати, финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани, мерки за поддршка на фирми, финансиска поддршка на граѓаните кои ги имаат загубено работните места како резултат на кризата итн., наведува Бесими. Преку Развојната банка се одобрени преку 85 милиони евра по основ на бескаматни кредити и евтини кредити. Тој посочува дека мора да се земе предвид дека вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само директните буџетски трошоци, туку и даночните олеснувања и ослободувања, расположливите гаранции и сл. Така на пример, државната гарантна шема шесткратно ги мултиплицира средствата предвидени во фондот, односно со тие средства ќе се гарантира шест пати повисока сума на кредити за компаниите. 

 

--

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе