Бермуди и Бахами меѓу водечките инвеститори во Македонија

Според податоците на Народната банка директнитe инвестиции во 12-те месеци од минатата година изнесуваат 624 милиони евра, од кои 311 милиони се во четвртиот квартал.

Интересен е податокот дека и оваа година како и претходните во водечките инвеститори се јавуваат егзотичните острови, кои важат за даночни раеви Бермуди и Бахами.

Според земјата на потекло, најголем инвеститор лани била Велика Британија со 113 милиони евра, потоа следуваат Германија 38 милиони, по 36 милиони се Турција и Бермуди, 31 милион се од Луксембург и Бахами, Грција 26 милиони, 17 милиони се странските инвестиции од Италија, 13 милиони од Романија...

Според дејноста најголемиот дел од инвестициите 212 милиони евра биле во производство. Претходната година, односно 2017 година, вкупните директни инвестиции изнесувале 181 милион евра.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе