Беркан Имери е нов претседател на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на НО на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа.

Халк осигурување работи во секторот на неживотно осигурување и на нашиот пазар е присутна од 2007 година. Компанијата е во целосна сопственост на Халкбанк АД Скопје која во јануари 2019 година преку Македонската берза за хартии од вредност откупи 100% од акциите на Нова осигурување АД Скопје.

Новиот претседател на НО, Беркан Имери е присутен во компанијата од стартот на нејзината работа под новиот бренд Халк осигурување. Компанијата, чие седиште е во Скопје, преку свои подружници во 20-тина градови, делува на територијата на целата земја, а услугите на Халк Осигурување се нудат и преку многубројни брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички компании. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе