Од ноќеска на полноќ

Бензинот се врати на 70 денари за литар, горивата посапуваат за половина денар

Од вечерва по полноќ бензинот и дизел горивото ќе поскапат за половина денар по литар, а нафтата за домаќинствата за еден денар. Бензинот од 98 октани ќе се продава по цена од 70 денари за литар, цената на бензинот од  95 октани ќе изнесува 68 денари, додека дизелот ќе се продава за 60,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,39 %.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг и сега ќе изнесува 34,889 ден/кг.

Од вторник во 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 68,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 60,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,889 (денари/килограм)

Од Регулаторната комисија велат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,177%, дизелот за 2,457%, екстра лесното масло за 3,190% и кај мазутот зголемувањето е за 3,554%, додека во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,404%.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе