Вечерва по полноќ

Бензинот поскапува за еден денар, дизелот за 50 дени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар по литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Нафтата за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар по литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден по килограм и сега ќе изнесува 34,759 ден по килограм.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 проценти  во однос на Одлуката од 15.2.2021 година.

Од 23.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95     64,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98      66,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     55,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  44,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,759 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468%, дизелот за 2,983%, екстра лесното масло за 3,177 % и кај мазутот за 1,94 %, а во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23%, велат од Регулаторната комисија.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, потсетува Регулаторната комисија за енергетика.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе