По полноќ

Бензинот поскапува за еден денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,552 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 38,395 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот за 4,142 отсто и кај дизелот за 0,066 отсто, како и за 0,343 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе